Нејмар не смее да го критикува тренерот: Објавени се најчудните клаузули во договорите на фудбалерите

Новите фудбалски откритија покажуваат некои чудни барања и клаузули кои ги имаат најдобрите фудбалер на светот како Кристијано Роналдо и Нејмар.

Роналдо својот приватен живот сака да го остави за себе, но дополнително се потрудил никој неговите вработени да не проговори во јавност.

Како што открива новиот документ на Фудбал ликс, работниците на Роналдо морале да потпишат договор за необелоденување.

Според нивните записи, работниците не смеат да откријат никакви детали од приватниот живот на Португалецот и она што се случува во неговата куќа.

Тоа самото по себе можеби и не е така чудно, тој договор да не е важечки 70 години по смртта на Роналдо или до последниот член на неговото семејно стебло.

Во другите делови од документот пишува дека Марио Балотели за време на сезоната 2014/2015, кога настапуваше за Ливерпул, имал клаузула во која „црвените" му ветиле половина милион фунти ако не направи проблем на теренот или надвор од него.

Бразилецот Нејмар кој во моментот настапува за ПСЖ има исто така чудни клаузули.
Парижаните на Нејмар му се должни 2,5 милиони евра ако успее ниту еднаш да не ги искритикува одлуките на тренерот во текот на сезоната. 375.000 ако постојано се поздравува со навивачите пред и по натпревар и два милиони евра ако се најде во најтесниот избор (топ 3) за Златна топка.

 Томас Вермален, кој во 2014 отиде во Барселона имал договор дека мора да го научи каталонскиот јазик.

Поврзани

Најнови вести

Коментари