logo
logo
logo

НЕЧУЕНО: Романски третолигаш го отпушти тренерот затоа што тимот бил прв на табела?!

Vecer | 02.04.2021

НЕЧУЕНО: Романски третолигаш го отпушти тренерот затоа што тимот бил прв на табела?!

Романскиот тренер Мариус Паску е отпуштен од романскиот третолигаш Залау, откако неговиот тим се најде на врвот на табелата го групата 10 од тамошното третолигашко натпреварување.

Како што на Твитер објави новинарот Емануел Рочу, Паска изјавил дека бил отпуштен од клубот затоа што управата е незадоволна од фактот што тимот е прв во својат агрупат во третата лига на Романија.

„Што правиш, момче, сакаш да добиеш промоција?“, биле зборовите на управата на клубот на последната средба со тренерот на која му врачиле отказ.

По 13 одиграни кола во романскиот шампионат, Залау има 8 победи, три ремија и само два порази и со 27 бода го зазема првото место во третата лига група 10.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk