logo
logo
logo

Германски град дозволува небинарни луѓе да пливаат топлес

Vecer | 17.09.2022

Германски град дозволува небинарни луѓе да пливаат топлес

Спортскиот одбор во градот Гетинген, Германија, гласаше да се дозволи топлес пливање во текот на неделата, откако небинарен пливач предизвика дебата за ова прашање.

Дискусијата што доведе до одлуката започна во август 2021 година, кога небинарно лице дојде да плива топлес. Персоналот на базенот, кој посетителот го доживувал како жена, одлучил дека лицето ги прекршило правилата на базенот.

Како резултат на тоа, топлес пливањето беше дозволено за време на викендите на четири градски базени претходно оваа година.

Голем број капачи биле задоволни од опцијата да се плива топлес, изјави во петокот претставник на градската власт.

Градот нема пријавено никакви инциденти од таа промена во мај.

Се проценува дека четири до пет небинарни луѓе ги искористија новите правила.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk