Пјер Гасли

Не сум тука за да му забијам нож во срце на Квијат

Младиот француски Ф1 возач, Пјер Гасли (21), кој го завзема местото на Даниел Квијат во екипата на Торо Росо, смета дека неговиот разговор со рускот пилот би немал никаква смисла

Гасли заврши на 14. позиција и се покажа во одлично светло на последната трака за Големата награда на Малезија, а со тоа доби шанса да вози и на слледната трка која викендов ќе се вози во Јапонија.

Пјер имаше одличен викенд на трката во Малезија. Премногу сме задоволни од неговите прикажани преформанси. Нема многу време до трката во Јапонија, на која ќе ни биде потребен идеален сет – ап за болидите, изјави шефот на Торо Росо, Франц Тост.

Од друга страна, Французинот истакна дека му се исполнил сонот и дека не сака да контактира со Даниел Квијат бидејќи се "добри пријатели и не сака да му става сол на раната". Тој потврди дека е подготвен да остане во борбата за титулата во Супер формула серијата, само за да се пресели во најбрзиот циркус на денешницата.

Поврзани

Најнови вести

Коментари