logo
logo
logo

„Не можете во тимот без Лазаров, тој поседува шампионски ген“

Vecer | 23.05.2021

„Не можете во тимот без Лазаров, тој поседува шампионски ген“

Кирил Лазаров и на 41. години е вистински кошмар за противничките екипи. Селекторот на македонската репрезентација и нашиот најдобар играч и следната сезона ќе го гледаме на теренот, и тоа во дресот на Нант.

Францускиот тим обезбеди пласман на фајнл-фор завршницата во Лигата на шампионите, а Лазаров со своето искуство и тоа како придонесе за овој голем успех.

Веднаш по заверката на билетот за Келн, првиот човек на Нант, Гаел Пелетие, и официјално потврди дека Лазаров ќе биде во составот и следната сезона.

Тој со одбрани зборови говореше на македонската гол-машина.

„Во денешно време многу младку спотисти се одлучуваат за продолжување на кариерата во овие години. Лазаров е важен за тимот, тоа го видовте и против Веспрем. Ја превзема одговорноста кога притисокот е голем, кога топката е тешка, не се плаши да го стори тоа и во овој дел од кариерата. Не можете без таков играч во екипата. Мора да му оддадеме почит поради шампионскиот ген кој го поседува“, изјави првиот човек на Нант.

Кире ќе биде првиот селктор на една репрезентација кој ќе настапи на Ф4 како играч и предводник на еден национален тим.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk