logo
logo
logo

Не може Европска Суперлига, a може Британска Суперлига!?

Vecer | 22.04.2021

Не може Европска Суперлига, a може Британска Суперлига!?

Не успеа планот за формирање на европска Супер лига, но промените во светскиот фудбал може да отидат во друг правец. Според британскиот весник „Сан“ постои идеја за раѓање на Британска Суперлига во која покрај премиерлигашите ќе учествуваат и шкотските гиганти Ренџерс и Селтик. Притоа Премиер лигата да се трансформира во 18 учесници. Се претпоставува дека тоа ќе го зголеми квалитетот на натпревари, интересот, но и ќе го привлече телевизискиот аудиториум за ова интересно првенство кое секако треба да добие дозвола од УЕФА и ФИФА кои неколку пати дале позитивно мислење за ваков тип на меѓугранични лиги под британско раководство.

Неколку години наназад се зборува за обединување на белгиската и холандската лига за подобар квалитет, повеќе пари и поинтересни натпревари. Одамна се зборува и за балканска лига која засега е само на хартија.

А и оваа идеја со приклучување на Ренџерс и Селтик во Премиер лигата е одамна, но не е толку сериозно разгледувана. Би било добро најтрофејните во Шкотска да се приклучат во Премиер лигата и за своја промоција и финансиски бенефит и за поквалитетна Премиер лига.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk