logo
logo
logo

Не им беше добар: ПСЖ од Меси за две години заработил 700 милиони евра!

Vecer | 09.06.2023

Не им беше добар: ПСЖ од Меси за две години заработил 700 милиони евра!

Неславно ПСЖ и Лео Меси се разделија. Без некои посебни зборови или големи говори, најдобриот фудбалер во светот од Париз се пресели во Мајами на Флорида (САД), каде во счедните неколку сезони ќе го носи дресот на Интер Мајами и ќе игра во МЛС.

Познато е како Меси дојде во Париз, како го дочека тамошната јавност, пред се фановите.

Сепак се чини дека работите се променија откако Меси во финалето на СП во Катар ја победи Франција и со тоа ги загуби симпатиите меѓу домашните фанови, а посебно по се она што беше кажано за Мбапе на прославата на светската титула на Аргентинците.

Сепак, се чини дека и Меси не му го даде она на ПСЖ кое што се очекуваше. Но, дали само тој е виновен?

На кого му текна во ПСЖ да го донесат оној Галтие за тренер, кој дозволуваше спортскиот директор да се симне на терен и да му го води тимот.

И како тој Галтие ќе може да тренира еден дрим – тим во кој играат Меси, Мбапе, Најмер…

И дека е се во парите еден податок кој доаѓа деновиве од Париз.

Замислете. ПСЖ во изминатите две години само од Меси заработил неверојатни 700 милиони евра и склопил десет нови спонзорски договори.

Да не говореми за тоа дека продажбата на билетите и тоа како порасна, да не говориме за социјалните мрежи и пред се продажбата на дресовите.

И не им добар Меси, кој за две години од ПСЖ инкасираше максимум 100 милиони евра нето, или десет пати помалку од она што клубот заработил од него.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk