logo
logo
logo

НБА: Вечерва со две супер – дербија стартува 75. сезона во најелитната кошаркарска лига!

Vecer | 19.10.2021

НБА: Вечерва со две супер – дербија стартува 75. сезона во најелитната кошаркарска лига!

Па зарем можеше да биде подобро, уште на стартот. Имено вечерва, поточно во раните утрински часови по наше време, со мечевите Милвоки – Бруклин и ЛА Лејкерс – Голден Стејт Вориорс, стартува 75.сезона во НБА лига. Во нај, нај… кошаркарската лига во светот.

Фановите на кошарката едвај го чекаат стартот, долга беше паузата откако Милвоки Бакс на “крилјата“ на Јанис Адетокумбо ја освои титулата и покажа дека и во иднина ќе мора сериозно да смета на овој тим. Тим кој можеби не игра атрактивна кошарка, но затоа е тим кој знае што сака.

Токму затоа, фановите на НБА лигата утринава ќе можат да уживаат во големите ѕвезди на денешницата.

Милвоки – Бруклин (01.30 ч), тоа е дуел меѓу актуелниот шампион против најсериозниот ривал на Истокот.

ЛА Лејкерс – Голден Стеј (04.00 ч) е мечот во ЛА, кој секако дека привлекува посебен интерес на Западот. Леброн Џејмс против Стеф Кари, тоа се два тима кои во изминатите години ги освојуваа титулите. Леброн оди по својот петти прстен во кариерата, овојпат со засилен тим, тука е и Расел Встбрук, но и со состав преполн со искуство, некои велат дека тоа се “старци“.

Голден Стејт секако дека не се толку во „мода“ како пред неколку сезони, но Кари има големи, огромни мотиви да си го врати својот примат.

Стартот е обременет инаку и со вакцинацијата, ќе видиме дали Кајри Ирвинг ќе се предомисли или пак сепак ќе почне да игра, секако вакциниран, со своите во Бруклин Нетс.

Фаворити за годинашниот трофеј?

Секако, Леброн Џејмс и неговата дружина, лани имаа проблеми, па затоа не ја одбранија титулата.

А на ова што ќе каже Јанис Адетокумбо?

Останува да се види.

Нам ни останува само да уживаме во мајсториите на кошаркарите од целата Лига, во новата јубилејна 75.сезона во НБА.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk