logo
logo
logo

НБА му се поклони на Расел Вестбрук, изедначи рекорд стар 47 години (ВИДЕО)

Vecer | 09.05.2021

НБА му се поклони на Расел Вестбрук, изедначи рекорд стар 47 години (ВИДЕО)

Расел Вестбрук одигра уште еден чудесен натпревар, можеби и најдобриот оваа сезона. Неговиот Вашингтон ја совлада Индијана по продолжение со 132-123, а покрај него блескаше и Бредли Бил со 50 поени. И покрај ваквата партија на Бил, сепак во центарот на вниманието се најде токму Вестбрук.

Тој влезе во историјата на НБА-лигата, се изедначи по бројот на трипл-дабли со легендарниот Оскар Робертсон. Мечот го заврши со 33 поени, 19 скока и 15 асистенции за 181. трипл-дабл во неговата кариера. На овој начин застана рамо до рамо со Робертсон, кој до ова остварување дојде пред 47 години.

[embed]https://www.youtube.com/watch?v=fhpai6n_oR4[/embed]

На останатите средби: Филаделфија – Детроит 118:104, Торонто – Мемфис 99:109, Денвер – Бруклин 119:125, Голден Стејт – Оклахома 136-97,  Портланд – Сан Антонио 124:102, Јута – Хјустон 124:116.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk