logo
logo
logo

НБА го казни Торонто: Одмораа здрави играчи, па сега ќе мора да платат казна

Vecer | 18.04.2021

НБА го казни Торонто: Одмораа здрави играчи, па сега ќе мора да платат казна

НБА тимот Торонто заработи казна во висина од 25.000 долари поради непочитување на правилата на лигата за регулирање на одморот кај кошаркарите. Репторс решија да ги одморат Кајл Лаури, Паскал Сиакам и О Џи Ануноби во мечот со Орландо во петокот, и покрај фактот дека сите тројца играчи беа здрави.

Поради пандемијата на коронавирус, лигата им дозволува на играчите ветерани да пропуштат еден од два натпревари, доколку тимот одигра два натпревари за два дена, но Торонто немаа настап од средата, па тројцата играчи не смееја да добијат одмор.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk