logo
logo
logo

НБА ѕвездата е гневна зa пропаѓањето на Суперлигата!

Vecer | 21.04.2021

НБА ѕвездата е гневна зa пропаѓањето на Суперлигата!

Ако речиси цела фудбалска и спортска Европа е на нозе, и го прославува пропаѓањето на Суперлигата, тогаш тоа не може да се каже за некои личности преку Атлантикот. Тука не говориме за газдите на Јунајтрд, Ливерпул…кои се бизнисмени од САД туку и за некои мега популарни спортисти. Како Леброн Џејмс на пример. Некој ќе каже, па добро каква врска има кошаркарот на Лејкерси, иконата на НБА со фудбалската Суперлига.

За тие што не знаат, Леброн е еден од малцинските газди на Ливерпул, има свој интерес, има 2% од акциите на “редси“.

Меѓутоа не е се. Леброн пред два месеци стана и акционер на фирмата „Ред Бирд“, која со 750 милиони влезе во спортот, а најголем дел од тие пари беа за Ливерпул.

Сега откако се знае дека, барем засега, нема ништо од “американизацијата“ на фудбалот во Европа, тоа значи и помалку приходи за ултрабогатиот кошаркар.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk