logo
logo
logo

Навивачите на ПСЖ со „огномет“ утрово во 4 часот ги „плашеа“ играчите на Барса (ВИДЕО)

Vecer | 10.03.2021

Навивачите на ПСЖ со „огномет“ утрово во 4 часот ги „плашеа“ играчите на Барса (ВИДЕО)

Во раните утрински часови, навивачите на ПСЖ се обидоа да им го прекинат сонот на играчите на Барса со огномет среде Париз, пред вечерашниот дуел во Лигата на шампионите.

Настанот се случил утрово во 4 часот по полноќ, а не е познато дали Барселона го пријавиле случајот во полиција.

Неколку ракети беа испукани од страна на навивачите пред дуелот со „каталонците“. Ова не е нешто нова кога станува збор за обидите на секој начин да се вознемири противникот.

Барселона вчера околу 15 часот пристигнаа во Франција, и се сместени во хотелот Пулман во близина на Ајфеловата кула.

 


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk