Не престануваат препукувањата од двете страни пред реванш дуелот од Лигата на Шампионите помеѓу екипите на ПСЖ и Барселона. Иако првиот меч заврши со триумф на французите од 1:4 среде Ноу Камп и треба да се счучи вистинска сензација па Барса да оди понатаму сепак, и натаму провокациите и препукувањата не престануваат.

Овие два тима се во “војна“ уште од онаа сензационална победа на Барса во истото ова натпреварување од пред неколку години па сега не се бираат сретства за да се испровицира противникот.

Па така, навивачите на ПСЖ во една „герила акција“ синоќа, пред сопствениот стадион направија мини факлијада, и објавија транспарент на кој пишува, „Шакира оди во Ла Жонкуер“. Ова место е инаку познато по јавните куќи. Иако Пике, долгогодишниот партнер на мега звездата Шакира нема да настапи на овој меч доволно е што сето ова дел од предиграта на овој спектакл.

 

sportmedia.mk