logo
logo
logo

Навивачи на Јунајтед упаднаа на „Олд Трафорд“ и го искажаа револтот (видео)

Vecer | 02.05.2021

Навивачи на Јунајтед упаднаа на „Олд Трафорд“ и го искажаа револтот (видео)

Навивачите на Манчестер Јунајтед упаднаа на теренот на стадионот „Олд Трафорд“ во знак на протест против сопствениците на клубот семејството Глејзер. Како што е познато пред извесно време Јунајтед сакаше да влезе во новоформираната Суперлига, но откако го виде гневот на навивачите ја повлече одлуката.

Фановите не се задоволни од работата на газдите на Јунајтед и решија да го искажат револтот на овој начин, пред мечот против Ливерпул во Премиер лигата кој е закажан за 17:30 часот. Дел од фановите протестираа и пред хотелот каде што престојуваа играчите на Јунајтед пред натпреварот.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk