logo
logo
logo

НАТПРЕВАР НА ДЕНОТ: Мега судир на „Ноу Камп“, Барса го пречекува ПСЖ во ЛШ

Vecer | 16.02.2021

НАТПРЕВАР НА ДЕНОТ: Мега судир на „Ноу Камп“, Барса го пречекува ПСЖ во ЛШ

ОСМИНАФИНАЛЕ ВО ЛШ
ВЕЧЕРВА ИГРААТ
БАРСЕЛОНА – ПСЖ  21:00 ч.
ЛАЈПЦИГ – ЛИВЕРПУЛ   21:00 ч.

На 8 март 2017 година Пари Сен Жермен замина на „Ноу Камп“ во реваншот од осминафиналето на ЛШ со капитална преднос од 4:0 остварена на „Паркот на принцовите“. Се чинеше дека нема шанси скапите ѕвезди да се посрамотат во престолнината на Каталонија но се случи спротивното.

Барселона се разлета и го победи ривалот со 6:1 нанесувајќи му го најболниот пораз во поновата историја.

Вечерва (21:00 ч) повторно во осминафиналето излегуваат на мегдан Барселона и ПСЖ, но сега во обратен редослед, првиот меч е на „Ноу Камп“, а вториот на „Паркот на принцовите“. „Светците“ ќе излезат на дуел со Барса без повредените Нејмар, Анхел ди Марија и Марко Верати. Кај Барса по три месеци пауза се враќа Жерар Пике, а засега дефанзивецот Роналд Араухо и Кутињо се вон стројот поради повреда.

Барселона сезонава е разнишана од низа скандали, пред се заминувањето на Лионел Меси, потоа и долговите кои испливаа во јавност, како и мега-договорот на Аргентинецот кој ја чини Барса многу. Сепак, сето тоа каталонскиот тим добро го менаџираше, затоа што резултатите го покажуваат тоа. Само еден пораз во претходните 18 натпревари – од Севиља во првиот дуел од полуфиналето на Купот.

„Екипата игра добро, екипата добро напредува и мислам дека можеме да победиме секого. Сакаме да покажеме сила и дека можеме да одиме до крај оваа сезона“, изјави тренерот Роналд Куман.

ПСЖ доаѓа со Маурицио Покетино на клупата кој го замени Томас Тухел по лошите резултати. Ќе видиме како тој ја спремил екипата за ЛШ.

Да кажеме дека Барса го елиминираше ПСЖ на последните три нокаут натпревари: во четвртфиналето во 2012/13, четвртфиналето во 2014/15 и осминафиналето во 2016/17. ПСЖ само еднаш успеал да ги мине „Каталонците“ во ЛШ и тоа во четвртфиналето во 1994/95.

Барса се труди да стигна до четвртфинале на ЛШ рекордна 14-та сезона по ред.

А ПСЖ стигна до нокаут фазата деветта сезона по ред изедначувајќи го рекордот на Лион помеѓу 2003 и 2012 година. А единствената победа на шпанско тло е пред осум години против Валенсија. Имаат три порази во Шпанија со вкупна гол-разлика 11:2.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk