logo
logo
logo

„Наследникот на Нојер“ оди во Унион Берлин!?

Vecer | 09.05.2021

„Наследникот на Нојер“ оди во Унион Берлин!?

Сегашниот втор голман на Баерн Минхен, 24-годишниот Александер Нибел, може да замине во Унион Берлин. Голманот кој дојде како наследник на Нојер, бранеше само 270 минути, или три меча, и засега малата минутажа е она што го стопира да ги покаже своите квалитети.

Според последните информации, Унион Берлин сериозно „загриза“ за Нибел, кој пред неколку месеци беше посакуван и од Борусија Дортмунд, но тој ја одби можноста да се пресели во Дортмунд, поради ривалството со Шалке и со Баерн.

Затоа сега Нибел веројатно идната сезона ќе го чува голот на Унион, а не е прецизирано дали ќе биде позајмица, или, пак, целосен трансфер.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk