logo
logo
logo

Наполи сигурен против Беневенто, Елмас доби десетина минути (ВИДЕО)

Vecer | 28.02.2021

Наполи сигурен против Беневенто, Елмас доби десетина минути (ВИДЕО)

По поразот од Аталанта во минатото коло во Серија А, фудбалерите на Наполи ја обезбедија 14-тата сезонска победа, откако вечерва на својот стадион со 2:0 го совладаа тимот на Беневенто.

Елиф Елмас остана на клупата за резерви и доби само десетина минути во финишот на мечот, кога Наполи веќе имаше предност од 2:0. Првиот гол го постигна Белгиецот Мертенс во 34. минута, а иако имаа комплетна доминација, домашните постигнаа само уште еден гол во 66. минута преку Политано кој практично беше потврда на победата, која го сместува наполитанскиот тим на 6. место на табелата.

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk