logo
logo
logo

Наполи не го сака Бакајоко, следна дестинација ПСЖ или Лион

Vecer | 08.04.2021

Наполи не го сака Бакајоко, следна дестинација ПСЖ или Лион

Наполи одлучи да не го откупува договорот на Тиемуе Бакајоко од Челзи, па фудбалерот сега е исправен пред можно враќање во Франција. За него во моментов има две отворени опции во Франција – ПСЖ или Лион.

26-годишниот фудбалер е под договор со Челзи до јуни 2022 година, а беше купен е од Монако за 40 милиони евра уште во 2017 година. Тој едвај играше во дресот на „сините“, а најголем дел од периодот по доаѓањето во Англија го помина на позајмици во Милан, Монако и Наполи.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk