Наполи го победи Кротоне со 2:1 (ВИДЕО)

Наполи го победи Кротоне со 2:1 и на тој начин го потврди испаѓањето на тимот на Валтер Ѕенга во Серија Б, со што Кротоне им се придружи на Верона и Беневенто во триото екипи кои одат во понизок ранг. Милик и Калјехон беа стрелци за домаќините, додека Кротоне намали во судиското продолжение преку Туминело.

 

И на преостанатите четири натпревар триумфираа домашните екипи, но тие резултати немаа поголемо значење бидејќи Милан и Кротоне сами ја решаваа својата судбина во однос на двете отворени прашања пред ова коло.

Поврзани

Најнови вести

Коментари