Да, да - токму вака

Напаѓачот даде автогол од 30 метри, голманот бранеше со глава (ВИДЕО)

Една од најбизарните ситуации на фудбалските терени оваа сезона се случи во плеј-оф натпреварот во Холандија помеѓу Дордрехт и Спарта Ротердам, пишува гол.мк

Гостите имаа предност од 0-1, а се играше 89. минута, кога напаѓачот заедно со неговиот колега на голманската позиција на Спарта направија вистинска глупост.

Погледнете ја целата ситуација во смешното видео:

 

Гостинскиот голгетер, Стијн Спирингс, силно ја удри топката кон сопствениот гол, а неговиот соиграч наместо да интервенира со раце, се обиде да ја исфрли топката со глава и помогна да се постигне еден од најсмешните автоголови оваа сезона.

 

Поврзани

Најнови вести

Коментари