logo
logo
logo

Напаѓачи вооружени со мачети влегле во домот на голманот на Евертон

Vecer | 10.03.2021

Напаѓачи вооружени со мачети влегле во домот на голманот на Евертон

Голманот на Евертон, Робин Олсен, бил мета на маскираните напаѓачи кои упаднале во неговиот дол во Алтринкам во саботата вечерта, објави „Скај Спортс“.

За време на инцидентот, 31-годишниот голман бил на имотот со неговата сопруга и двете мали деца. Според полициските извештаи, никој за среќа не бил повреден, иако напаѓачите упаднале вооружени со мачети. Напаѓачите наводно го напуштиле местото со вреден накит и часовник.

За Евертон се вели дека му понудило на семејството „колку што е можно поголема поддршка“ по нивното искушение. Шведскиот интернационалец се приклучи во Евертон од италијанскиот клуб Рома на почетокот на сезоната како дел од сезонскиот договор за позајмица.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk