logo
logo
logo

Нант-Кил нерешено, Лазаров со осум гола најефикасен на мечот

Vecer | 25.02.2021

Нант-Кил нерешено, Лазаров со осум гола најефикасен на мечот

Македонскиот репрезентативец и селектор Кире Лазаров имаше одлична партија за Нант во дуелот со германски Кил во Лигата на шампионите. Најдобриот наш ракометар реализираше осум гола и мечот го заврши како најефикасен играч, меѓутоа неговиот Нант не успеа да стигне до целиот плен иако во последните моменти имаше предност од два гола (24:22). Германците набрзина постигнаа два и го изедначија резултатот и спасија бод.

Нант по 13 меча има 11 бода и е на шестото место во групата Б, Кил е четврти со 12 бода, меѓутоа од 11 натпревари.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk