logo
logo
logo

Нант и Лазаров се спасија од пораз

Vecer | 10.04.2021

Нант и Лазаров се спасија од пораз

По пласманот во четвртфиналето во Лигата на шампионите, Нант не одигра како што се очекуваше во домашниот шампионат. На гостувањето кај Тулуз се спаси од пораз во самиот финиш, Ривера погодоци за реми (29-29).

На две и пол минути до крајот, тимот за кого настапува Кирил Лазаров имаше негатива од три гола (29-26), па бодот од овој меч е премија.

Нашиот најдобар ракометар и селектор на македонската репрезентација беше стрелец на два гола од четири обиди. Ривера одново беше број еден во редовите на Нант, имаше осум гола од десет обиди.

 


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk