Капитенот и по ново селектор на македонската ракометна репрезентација, Кирил Лазаров и Нант влегоа во победнички ритам во Лигата на шампиони. По триумфот над Алборг во минатото коло, францускиот тим со убедлива победа се враќа од гостувањето кај ППД Загреб (24-34).

Нант максимално ја оправда фаворитската улога, по првото полувреме имаше позитива од 12 гола (8-20), до крајот немаше проблем да запише нов бодови.

Лазаров средбата ја заврши со три гола од четири обид. Нант има скор од четири победи и шест порази, и се наоѓа на шестото место на табелата во групата Б.

sportmedia.mk