Златан Ибрахимовиќ, мега – ѕвездата во светскиот фудбал, еден од најдобрите во изминатите две децении, од завчера е во пензија.

Тој, во нему својствен стил, се прости од активното играње на препполниот “Сан Сиро“ во Миланио пред фановите на Милан.

Инаку ќе се паметат неговите изјави во текот на овие две децение, а една од најславните ако не и најславна е онаа за Пеп Гвардиола врзана за сезоната 2009/10 кога играше во Барселона.

Кога ќе го купите Златан тогаш сте купиле Ферари. Да, јас сум Ферари. И веќе кога имате такво возило тогаш ќе наточите премиум гориво, ќе излезете на автопат и ќе стиснете гас. Пеп Гвардиола точеше Дизел и ме користеше за возење по селски патишта. За тоа требало да купи Фиат а не Ферари“ со ова изјава тој најубаво го отсликува односот со Гвардиола кога беа заедно во Барса.


sportmedia.mk