logo
logo
logo

Најмалку 9.000 фанови ќе има на финалето на ЛШ во Истанбул!

Vecer | 27.03.2021

Најмалку 9.000 фанови ќе има на финалето на ЛШ во Истанбул!

Од УЕФА доаѓаат оптимистички најави дека на финалето на ЛШ во Истанбул, кое е закажано за 29 мај, и покрај пандемијата која беснее во светот, ќе има најмалку 9.000 гледачи. Секако дека таа  бројка е мала, ако се знае дека стадионот има капацитет од 75.000 гледачи, но подобро е да има малку отколку да нема воопшто како што тоа беше случај на ланското финалето во Лисабон.

Имено УЕФА ги информирала екипите кои учествуваат во четвртфиналето дека има можност барем 9.000 гледачи да има во Истанбул. Дел од билетите ќе добиваат екипите финалисти, а останатиот дел ќе се продава по пат на строга селекција. Тие билети се нарекуваат “паметни билети“. Со овој систем практично е неможно да се препродаваат билетите, и секој оној кој ќе купи влезница ќе може да присуствува на стадионот. Во спротивно билетот пропаѓа.

Сепак за конечната одлука, за тоа дали ќе има гледачи на трибините на стадионот во Истанбул, одлучува и турската влада.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk