logo
logo
logo

Најлош меч на Милан сезонава - ниту еден шут кон голот и пораз од Специја (видео)

Vecer | 13.02.2021

Најлош меч на Милан сезонава - ниту еден шут кон голот и пораз од Специја (видео)

Екипата на Милан вечерва го одигра најлошиот меч од почетокот на сезонава па до сега. „Росонерите“ неочекувано изгубија на гостувањето кај Специја со 2:0 и тоа беше нивни трет пораз сезонава, а сепак останаа на чело на табелата со 49 бода, но сега му овозможија на Интер со триумф утре да го преземе врвот.

Велиме најлош меч на Милан затоа што „росонерите“ немаа шут во рамки на голот цел меч, а на теренот беа Ибрахимовиќ, Чаланоглу, Леао, влегоа Манџукиќ, Томори, Меите.

Специја ги освои бодовите благодарение на головите во второто полувреме. Отвори Маџиоре со голот во 56 минута, а конечниот резултат го постави Бастони во 67 минута.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk