logo
logo
logo

Најк со екстра понуда за Барселона

Vecer | 15.05.2021

Најк со екстра понуда за Барселона

Барселона како фудбалски клуб е еден од најпогодените од финансиската криза предизвикана од пандемијата која трае веќе втора година. Приходите се многу мали, а трошоците огромни, и тоа сите добро го знаат.

Новиот претседател на клубот, Хуан Лапорта има намера во неговиот мандат да ја поправи ситуацијата и на сите страни е растрчан што се вели по нови спонзори.

Па така, неочекувана понуда пристигна од САД, и тоа од главниот штаб на Најк, од каде што е понудена неочекувана соработка за Барселона. Најк е главен спонзор на опремата на клубот, но сега на маса е понуда, Најк да стои и како главен спонзор на дресот.

Досега тоа беше кинеската компанија „Racuten“, чија што финансиска понуда веќе не може да ги задоволи потребите на клубот, па Најк достави своја.

На „Racuten“ договорот со Барселона му истекува за една година, па Најк даде рок до месец октомври Барселона да се одлучи со која опција продолжува.

 


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk