logo
logo
logo

Најдоброто во 2020: Секако Пандев, фудбалот доминира...Мрме, репрезентацијата, ФФМ! (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Vecer | 18.02.2021

Најдоброто во 2020: Секако Пандев, фудбалот доминира...Мрме, репрезентацијата, ФФМ! (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Вечерва во Арената “Борис Трајковски“ во Скопје, АМС ги прогласи најдобрите спортисти за 2020 година. Манифестација која традиционално се одржува.

И како што најавивме, фудбалот доминираше. Како не би кога нашата најдобра репрезентација предводена од капитенот Горан Пандев во минатата година успеа, по триумфот во Тбилиси, да ја победи Грузија и да се пласира на ЕВРО 2020.

Токму затоа Горан Пандев е најдобриот спортист на Македонија за 2020. Наградата ја прими, од рацете на Премиерот на Владата на Р. Македонија Зоран Заев, неговиот брат Сашко Пандев. Најдобра репрезентација е фудбалската, за селектор тоа е предводникот на нашиот национален тим Игор Ангеловски, и секако, за најдобра федерација е Фудбалската федерација која на чело со Муамед Сејдини може да се пофали дека е нај, нај во изминатата 2020 година.

Да кажеме и тоа дека самата манифестација беше одржана според протоколите за Ковид-19.

Во продолжение може да ги видите сите добитници на признанијата за изминатата 2020 година.

СИТЕ ДОБИТНИЦИ

најдобар спортист: Горан Пандев (фудбал)

најдобра спортистка: Вероника Костова (карате)

селектор: Игор Ангеловски (фудбал)

национален тим: Фудбалска репрезентација

најдобра федерација: Фудбалска федерација на Македонија

млада спортистка: Магдалена Божиновска (карате)

млад спортист: Роберто Ацковски (карате)

спортист со лица со инвалидитет: Владимир Тркаљанов (шах)


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk