logo
logo
logo

Најдобриот фудбалер на Кристал Палас ќе паузира подолго време

Vecer | 06.02.2021

Најдобриот фудбалер на Кристал Палас ќе паузира подолго време

Менаџерот на Кристал Палас, Рој Хоџсон потврди дека напаѓачот на лондонските орли, Вилфред Заха, ќе отсуствува подолго време од теренот поради повреда на тетивата. Заха мораше да го напушти теренот во вторникот во 58-та минута во победата над Њукасл на гости (2:1).

„Не знаеме колку долго ќе отсуствува. Тој сигурно нема да биде достапен за мечот во Лидс, и веројатно многу подолго од тоа. Никогаш не знаете со повредите на тетивата. Станува збор за напрегање на мускулите и секогаш е потребно време за опоравување. Затоа не би сакал да брзам со него“, изјави Рој Хоџсон.

Заха е еден од најдобрите играчи во тимот и веќе постигна девет гола оваа сезона.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk