logo
logo
logo

Најдобрата пристигна во Скопје: Сара Ристовска ќе биде нашиот лидер кон Мундијалот

Vecer | 14.04.2021

Најдобрата пристигна во Скопје: Сара Ристовска ќе биде нашиот лидер кон Мундијалот

Македонската женска ракометна репрезентација се подготвува за двомечот со Романија за место на Светското првенство во Шпанија 2021.

Во составот на Симе Симовски за дуелот со фаворитот ги нема повредените Јована Саздовска и Марија Штериева, Јована Кипријановска веќе има Ковид-19, а Симона Стојковска го откажа настапот од приватни причини.

Но, и покрај ова, предводникот на националниот тим верува дека искуството на ракометарките кои настапуваат на меѓународна сцена, заедно со домашните репрезентативки, ќе биде доволно достојно да им се спротистават на Романија.

Кога сме кај интернационалките од вчера во Скопје е најдобрата. Сара Ристовска задоцни поради обврски со својот тим, ЦСКА Москва, со кого успеа да обезбеди место на Ф4 завршницата.

Ристовски е во одлична форма, тоа го покажа на дуелите во Скопје, но и во настапите за ЦСКА. Токму нашата Сара беше најефикасна во победата над ЧСМ Букурешт.

Македонија првиот меч со Романија го игра на 17. овој месец во Букурешт, реваншот е закажан четири дена подоцна во СЦ „Јане Сандански“.

 


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk