Натпреварот меѓу Веспрем и Нант сепак ќе се одигра. Од таборот на унагрскиот тим стигнаа информации дека ЕХФ најде решение за проблемот. Наместо претходно делегираните хрватски судии, на оваа средба правдата ќе ја делат арбитри од Унгарија.

Дуелот во Веспрем не почна во предвидениот термин поради Ковид-19, еден од двајцата судии бил позитивен. Со оглед на тоа ЕХФ не може да го одложи овој натпревар и притоа да препише службена победа или реми, мораше да постави нови судии.

Мечот ќе почне во 20:45 часот. На оваа средба силите ќе ги одмерат Дејан Манасков и Кирил Лазаров.

sportmedia.mk