logo
logo
logo

Надал откажа учество и на втор турнир по ред

Vecer | 27.02.2021

Надал откажа учество и на втор турнир по ред

Светскиот тениски рекет број два, Рафаел Надал, го откажа својот втор турнир за само неколку дена. Откако нема да настапи во Ротердам, Шпанецот нема да патува ниту во Акапулко.

Турнирот во Холандија ќе се игра следната недела, додека оној во Мексико е планиран за средината на март. Причината за откажувањето на настапите се проблемите кои Шпанецот ги има со грбот.

„Жал ми е што нема да можам да играм во Акапулко. Како што стојат работите сега, повредата на грбот не ми дозволува да патувам толку долго. Го сакам овој турнир, играв таму последните четири години и нема да биде можно оваа година. Се гледаме следната година“, порачал Надал.

Надал досега трипати го освојуваше турнирот во Акапулко, додека некои шпекулираат дека неговото непатување таму е и од финансиски карактер, затоа што премијата за победникот е далеку помела од претходните години.

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk