Пекинг

Надал ја освои 75 титула во кариерата

За Рафа ова беше 75 титула во кариерата со што се искачи на четвртото место на вечната листа кај тенисерите според бројот на освоени турнири.

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал, полесно од очекувањето стигна до титулата на турнирот во Пекинг (АТП – 500), откако во финалето славеше над Ник Кирјос од Австралија со 6:2 и 6:1.

Надал по почетниот отпор на Кирјос при 2:2 во првиот сет, во продолжени немаше проблеми. Првиот сет го доби со 6:2, а вториот го отвори со убедливи 5:0 со што сите дилеми за победникот беа решени, само заверувајќи го со конечну 6:1 за победа во сетови од 2:0.

За Рафа ова беше 75 титула во кариерата со што се искачи на четвртото место на вечната листа кај тенисерите според бројот на освоени турнири.

Поврзани

Најнови вести

Коментари