logo
logo
logo

Надал го откажа настапот на турнирот во Ротердам поради повреда

Vecer | 25.02.2021

Надал го откажа настапот на турнирот во Ротердам поради повреда

Вториот светски тенисер, Шпанецот Рафаел Надал. е принуден поради болки во грбот да го откаже учеството на АТП турнирот од серијата 500. во Ротердам, што ќе се игра од 1 до 7 март, соопштија денеска организаторите.

-Болките во грбот почнав да ги чувствувам уште на турнирот во Аделаид а продолжија на Австралија Опен. Најдовме некое привремено решение во Мелбурн, но по враќањето во Шпанија бев на лекарски преглед и задно со мојот медицински тим ме советуваа следната недела да паузирам од играње тенис. Навистина штета, бидејќи се радував на моето враќање во Ротердам и Холандија, бидејќи долго време немам играно таму, образложи Надал во официјалното соопштение.

Надал на Австралија Опен беше поразен во четвртфиналето во кое против Гркот Стефанос Циципас испушти водство од 2:0 во сетови, што на грен-слем турнирите му се случи само втор пат во кариерата.

Шпанскиот тенисер последен пат настапи на турнирот во Ротердам во 2009 година, кога во финалето загуби од Британецот Енди Мареј.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk