logo
logo
logo

Начо: Заслуживме да водиме 3:0 во првиот дел, Барса да ги бара грешките кај себе

Vecer | 10.04.2021

Начо: Заслуживме да водиме 3:0 во првиот дел, Барса да ги бара грешките кај себе

Играчот на Реал Мадрид, Начо по натпреварот со Барселона вели дека победата е заслужена, и причината за поразот Барса да не ја бара во судењето, туку во своите редови.

„Го завршуваме денот како лидери, со импресивно прво полувреме, во кое можевме да водиме 3:0. Бензема постигна гол за историја. Ова е вистинскиот ден за нас. Во првиот дел Реал Мадрид ја надигра Барселона од почеток до крај. Лошата среќа е она што ја смени играта. Повредата на Васкез го демотовираше тимот. Одриозола не е во форма, и со измените Барселона тргна по нерешен резултат. Тоа што тие го бараат како пенал над Братвајт е претерано. Реал Мадрид нема добиено пенал шест месеци, така што да се жали некој на арбитражата е навистина пристрасно. Барселона треба да ја бара грешката во своите редови, како на пример тоа што Меси нема постигнато гол седум натпревари на Ел Класико. Мислам дека нема кој да до сопре Реал Мадрид до крајот и убеден сум дека ќе дојдеме до титулата“, рече Начо.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk