logo
logo
logo

На повидок нов ракометен Дрим-Тим: Алборг по Хансен го договори и Палмарсон!

Vecer | 18.04.2021

На повидок нов ракометен Дрим-Тим: Алборг по Хансен го договори и Палмарсон!

Данските медиуми вчера објавија дека Арон Палмарсон, еден од најдобрите ракоматери во светот, ја напушта Барселона и ќе се пресели во екипата на Алборг. Набргу потоа, потврда на веста стигна и од Каталонија.

Палмарсон имаше вербален договор со Барселона за продолжување на соработката, но тој се измори од чекање за понуда и постигнал заеднички јазик со Алборг.

30-годишниот среден бек се согласи да соработува со данскиот тим во следните три сезони, а работата ќе биде официјално потврдена на лето. Исланѓанецот со години е еден од најдобрите ракометари на светот, а претходно играше за Кил и Веспрем. Тој е уште една голема ѕвезда на светскиот ракомет која се сели во данскиот тим, откако претходно за следната сезона беше обезбеден потписот и на најдобриот ракометар на денешницата, Микел Хансен.

Алборг за следната сезона ги обезбеди и потписите на Мартин Ларсен (Лајпциг), шведскиот пивот Јеспер Нилсен (Рајн-Некар Ловен) и норвешкото десно крило Кристеин Бјорнсен (Вецлар).


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk