logo
logo
logo

На Македонија и даваат помалку од 10% шанси за пласман на Мундијалот

Vecer | 24.03.2021

На Македонија и даваат помалку од 10% шанси за пласман на Мундијалот

Македонија има помалку од 10% шанси да се пласира на Мундијалот во Катар, тврди „Gracenоte live” кој се занимава со статистика.

Според нив, најголеми шанси за пласман во Катар имаат Белгија, Шпанија, Франција и Португалија, над 80%, па по нив следуваат Германија, Италија, Холандија и Англија со над 70%. Данска има над 60%, додека Хрватска над 50%.

„Gracenоte live” прогнозира дека од нашата група во бараж ќе оди Романија, додека Германија директно ќе се пласира на Мундијалот. Дури и Исланд има повеќе шанси од нас да се најде на Мундијалот, односно 14%.

Македонија и останатите селекции во групата се под 10%, но нема прецизна бројка на процентите.

 


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk