logo
logo
logo

На кое ниво падна женската кошарка: Им дозволуваат да играат без лекар во тимот

Vecer | 13.03.2021

На кое ниво падна женската кошарка: Им дозволуваат да играат без лекар во тимот

Женската кошарка во Македонија останува болна точка. Одамна, многу одамна беа оние времиња кога овој спорт колку толку функционираше, кога клубовите повеќе се грижеа за своите играчи, кога спонзорите беа отворени за соработка, а федерациите беа многу позаинтересирани.

Првата лига се игра на големо, а од записникот на комесарот за натпреварување, Сречко Хорват и доделените казни доаѓаат неверојатни информации.

Верувале или не, дел од екипите на мечевите немаат свој лекар. Не дај боже да се случи нешто на терен, нема кој да помогне.  На трибините не може ни случајно да се најде доктор, ниту како гледач оти во пандемијата на коронавирус е забранета публика.

И не само ова. Има и екипи кои не можат да состава тим ниту со 10 играчи, па на мечевите доаѓаат со седум. Клубовите повеќе преферираат да плаќаат казни за неснимање на натпреварите од 8.000 денари отколку да ангажираат лице за тоа.

Федерацијата мора да превземе уште поригорозни мерки, не може да се дозволи еден меч да почне без присуство на доктор.

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk