Кога Александер Чеферин, првиот човек на УЕФА нешто ќе замисли, тоа и го остварува. Имено на негова иницијатива некогашни познати фудбалери од Хрватска и Словенија ќе одиграат хуманитарна пријателска средба и тоа во Петриње. Градот во Хрватска кој пред неколку месеци тешко настрада во силниот земјотрес.
“Нашите мисли се со луѓето во Хрватска во овие тешки времиња. Се надеваме дека помошта од фудбалот ќе стигне каде што треба, на тие кои им е најтешко. Исто така се надевам дека оваа наша помош ќе биде добредојдена за развојот на овој регион“ посочи Чеферин.
Свое задоволство изрази и Давор Шукер, претседателот на ХНС кој ќе биде ко-организатор на овој химанитарен натпревар.
Самиот натпревар ќе се игра на 13 март на градскиот стадион во Петриње.
sportmedia.mk