logo
logo
logo

На денешен ден пред 44 години Марадона тргна кон својата бесмртност!

Vecer | 27.02.2021

На денешен ден пред 44 години Марадона тргна кон својата бесмртност!

Тој 27 февруари 1977 година никој не помислуваше дека „малиот“ кој со само 16 години дебитира во дресот на Аргентина, подоцна ќе биде фудбалскиот БОГ. Имено на денешен ден пред точно 44 години Диего Армандо Марадона за првпат го облече дресот на својата Аргентина и ги одигра првиот меч за А селекцијата на оваа земја.

На тој натпревар на „Бомбоњера“ во Буенос Аирес играа Аргентина и Унгарија, резултатот беше 5:1 за “гаучосите“. Сепак Диего не го постигна првиот гол, тоа го стори во јуни истата година и тоа против Шкотска и тоа две години подоцна.

Диего, поради својата младост не беше во составот на Аргентина на СП 1978 кога таа земја како домаќин стана светски првак, но затоа тој сам и го донесе златото на СП за младинци во 1979 година.

Се потоа е историја…


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk