logo
logo
logo

На Аргентинецот му преседна Британија и Вимблдон! СЕ МУ УКРАЛЕ

Vecer | 23.06.2022

На Аргентинецот му преседна Британија и Вимблдон! СЕ МУ УКРАЛЕ

На аргентинскиот тенисер Диего Шварцман му преседнал престојот во Истбурн каде игра на турнир непосредно пред Вимблдон. Наместо да се подготвува за најпрестижниот турнир во светот, Шварцман повеќе размислува за работите надвор од теренот.

Имено, Аргентинецот пријавил кражба во хотелот во близина на Истбурн, каде моментално настапува, а тој не е единствениот учесник на тоа натпреварување кој истиот ден имал инцидент.

На Шварцман му го украле пасошот од хотелската соба, како и кредитни картички и други лични работи.

„Здраво на сите! Сакам да ве информирам дека, за жал, оваа недела многу работи беа украдени од хотелот Хидро во Истбурн. Вклучувајќи го и мојот пасош. Кредитни картички и разни други работи. Ви благодарам на сите што се грижевте и прашавте дали ми треба нешто. Не беше лесно да се натпреваруваш оваа недела обидувајќи се да го решиш сето ова пред натпреварот, се чини, дека хотелот не сака да преземе одговорност за овие настани“, напиша Шварцман на Твитер.

Заедно со Шварцман штета претрпел и шпанскиот тенисер Педро Мартинез, кому му го украле часовникот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk