logo
logo
logo

МЗТ славеше кај Еуроникел, Пелистер преку Феникс до третата победа

Vecer | 18.10.2021

МЗТ славеше кај Еуроникел, Пелистер преку Феникс до третата победа

Со двата меча вечерва се комплетира 3. коло во македонската Прва кошаркарска лига. МЗТ Скопје го совлада Еуроникел во гости со 69:75. Домашните играа добро само во првата четвртина кога водеа, а потоа „штрковите“ на полувреме ги свртеа работите во своја полза (32:42). Сепак, домашните не се предадоа и веќе третиот период го добија со 18:7 и се чинеше дека ќе имаат сили за добра завршница и победа меѓутоа гостинот ги запре нападите на противникот, а притоа го полнеше нивниот кош. На крајот победа на МЗТ. Дамјан Стојановски постигна 18, а Кристијан Николов даде 13 поени кај МЗТ. Дејвис и Џекиќ беа најефикасни кај Еуроникел.

Пелистер ја запиша третата победа во третиот меч во новата сезона. На свој паркет славеше против Феникс 2010 со 86:74 иако на полувреме губеше со 45:48. Најефикасен на мечот беше Кларк со 20, а соиграчот од Феникс Морган уфрли 18 поени. Кај пелистерци Хотон постигна 14 поени, Стајиќ 13.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk