logo
logo
logo

МЗТ Скопје во турбо ритам - го „сомеле“ Ловќен (ФОТО)

Vecer | 05.03.2021

МЗТ Скопје во турбо ритам - го „сомеле“ Ловќен (ФОТО)

МЗТ Скопје дојде до шестата победа оваа сезона во АБА 2-лига, без проблем и многу лесно го совлада Ловќен со убедливи 55-96 и фатија приклучок кон горниот дел од табелата со 15 бода. Во таборот на „сино-белите“ денеска се функционираше, нападот беше течен, средбајата ја завршија со 18 тројки од 26 обиди.

Моќно прво полувреме одиграа избраниците на Ѓорѓи Кочов, брзо го „скршија“ отпорот на противникот. По 5-4 за Ловќен, МЗТ Скопје со серија од 4-14 поведоа со 9-18, по првата четвртина имаа двоцифрени 11-24. Кошаркарите на македонскиот тим продолжија во ист ритам, полека ја зголемуваа позитивата, највисоката беше 18 поени (11-129, 26-44 и 31-49).

Не се промени ништо по одморот, во 27. минута по петте поени на Бојан Крстевски и тројката на Дамјан Стојановски, МЗТ Скопје се искачи на 36-66. На другата страна противникот правеше премногу грешки. Вп последната четвртина резултатот беше 43-77.

Во последниот меч, Младост Земун ќе биде противник на македонскиот тим, дуелот се игра за два дена.

ФОТО: АБА 2-ЛИГА/ Драгана Стјепановиќ 


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk