logo
logo
logo

МЗТ Скопје уште еднаш надмоќен во братската пресметка

Vecer | 27.04.2021

МЗТ Скопје уште еднаш надмоќен во братската пресметка

МЗТ Скопје лесно и убедливо го совлада МЗТ Скопје Уни Банка во заостанатиот меч од 16. коло во македонската кошаркарска лига. Првата екипа на „Штрковите“ победи со 94:69. Најефикасен на мечот беше Леонид Тодоровски од МЗТ 2 со 23 поени за нешто повеќе од 29 минути игра.

Во победничката екипа најефикасни беа Хасани Гравет со 19 поени, а Крстевски реализираше 12.

MЗТ Скопје сега има скор од 13-6, додека МЗТ Уни Банка во впиша 15-тиот пораз сезонава.

 


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk