logo
logo
logo

МЗТ Скопје падна пред Младост во последниот дуел во Сараево

Vecer | 07.03.2021

МЗТ Скопје падна пред Младост во последниот дуел во Сараево

МЗТ Скопје со две победи и пораз го завршува третиот турнир во АБА 2-лига. На последната средба тимот од Аеродром во драматичен финиш беше совлада од Младост со 75-82. По оваа средба, „сино-белите“ остануваат четвртото место на табелата, иако имаа шанси да ја делат втората позиција.

И двата тима имаа шанса за победа, во финишот подобро се снајде Младот. Олуџоби со 18 поени беше прв стрелец, добра партија пружи Адем Мекиќ, кој средбата ја заврши со 14 поени, 11 поени имаше Тарнер, додека еден помалку Бојиќ.

Првата четвртина му припадна на противникот, имаше водство од 13-18. Мекиќ го разбуди својот тим на стартот на втората четвртина, со седум поени во низа за водство од 20-19. Во последните четири минити, МЗТ Скопје приреди серија од 15-0 поведе со 39-30 во воведните минути по одморот.

Младост се врати на голема врата, со серија 13-0 дојде на плус шест (41-47), нешто подоцна и 45-53. Во последните 10. минути, МЗТ Скопје влезе со негатива од три коша (54-57).

Македонскиот тим се обидуваше да се врати цеосно во мечот, противникот одржуваше позитива од пет до седум поени до 34. минута. Вистинската драма почна на три и пол минути до крајот, МЗТ Скопне со шест поени во низа (Тарнер, Карачиќ и Олуџоби) поведе со 69-65.

Водството се менуваше, по нереализираниот напад на МЗТ Скопје, Младост на на 30 секунди до крајот, со тројка поведе со 75-77. Кочов повика тајм-аут, кој не вроди плод, Олуџоби ја загуби топката. Остнаа седум секунди до истекот на регуларниот дел. Набризна беше направен фаул, Аранитовиќ беше прецизен од линијата за слободни фрлања за 75-79. Нов нереализиран напад, на крајот противникот го казни од пола терен за конечни 75-82.

ФОТО: АБА 2-ЛИГА/ Драгана Стјепановиќ


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk