logo
logo
logo

МЗТ Скопје ослабен за последниот турнир во АБА 2-лига

Vecer | 22.03.2021

МЗТ Скопје ослабен за последниот турнир во АБА 2-лига

МЗТ Скопје и Работнички продолжуваат со обврските кон АБА 2-лига. Македонските престатвници во второлигашкото јадранско натпреварување го играат последниот турнир, домаќин одново е Златибор.

Прв на сцената ќе настапи тимот од Аеродром, за противник го има составот на Спарс. Избраниците на Дарко Радуловиќ, кој од пред скоро време ја превзема тренерската улога, иако го обезбедија местото во следната рунда, сепак ќе се обидат да завршат на едно од горните места на табелата.

Спарс е пред МЗТ Скопје на третото место со 17 бода, додека македонскиот тим го дели четвртото место со Младост, Слобода Ужице и Златибор, сите имаат 16 бода.

Нема да биде лесно за „сино-белите“, во составот ќе немаат тројца стандарни кошаркари. Магдевски, Олуџоби и Гравет не се во Златибор.

Натпреварот меѓу МЗТ Скопје и Спарс се игра вечерва (21 часот), утре Работнички ќе ги одмери силите со Борац.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk