logo
logo
logo

МЗТ Скопје му врати „мило за драго“ на Пелистер (ФОТО)

Vecer | 12.04.2021

МЗТ Скопје му врати „мило за драго“ на Пелистер (ФОТО)

Дерби натпреварот во СЦ „Јане Сандански“ меѓу МЗТ Скопје и Пелистер ги оправда очекувањата, иако домаќинот можеше средбата да ја реши многу побрзо.

Лидерот успеа да се врати од големата негатива за неизвесна завршница, но немаше срежа. Како подобар од оваа средба излезе домаќинот кој славеше со 84-81 во меч од 22. коло за десета победа оваа сезона. На другата страна Пелистер го запиша петтиот пораз и со 15 победи засега останува на врвот на табелата.

Тимот од Аеродром во првото полувреме беше доминантен, по краткото водство на битолчани од 13-14 со серија од 15-2 поведе со двоцифрени 28-16 на стартот на втората четвртина. Најголемата позитива во овој дел изнесуваше 37-20. На другата страна кошаркарите на Пелистер беа далеку од препознатливото ниво, па на одморот негативата беше 12 разлика (54-42).

Во вториот дел, битолчани полека, но сигурно ја топеа позитивата на противникот, на стартот на последната четвртина дојдоа до водство по подолго време 68-70, па мечот влезе во неизвесна завршница.

По 80-79 за МЗТ Скопје на минута и пол до крајот ниту една од екипите не успеваше да реализира, се правеа грешки на двете страни. Малешевиќ изгуби топка, на другата страна Бакоч со тројка ја најави победата на својот тим (83-79) на осум секунди до крајот. Битолчани успеаја само да го ублажат поразот и ништо повеќе.

Крстевски и Тарнер со по 17 поени беа први стрелци, Малешевиќ и Кесар заедно постигнаа 46 поени.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk