logo
logo
logo

МЗТ Скопје му се одмазди на Еуро Никел

Vecer | 30.04.2021

МЗТ Скопје му се одмазди на Еуро Никел

МЗТ Скопје дојде до четвртата победа во низа, откако на гостувањето кај Еуро Никел славеше со убедливи 81-96 во заостанат меч од 19. коло во Првата лига. За кавадарчани ова беше последен натпревар од регуларниот дел, за разлика од првата пресметка со тимот од Аеродром, овој пат беа под нивото, имаа сили само за едно полувреме.

Точно по 20. минута при 48-45, гостинските кошаркари третиот период го добија со 30-17 и ја најавија победата. Кавадарчани не успеаја да го пратат ритамот на противникот, на крајот мораа да се помират со седмиот триумф оваа сезона, кој веќе не ја гарантира втората позицијата на табелата.

Магдевски со 19 поени беше прв стрелец, 15 поени имаше Карачиќ, додека Гравет еден помалку. Кај домашниот состав, Рикиќ со 18 поени и Соколов со 17 поени беа најефикасни.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk