logo
logo
logo

МЗТ Скопје ја раскина соработката со Американецот Барнет

Vecer | 06.02.2021

МЗТ Скопје ја раскина соработката со Американецот Барнет

Американецот Доминез Барнет повеќе не е член на МЗТ Скопје Аеродром, откако вчера беше официјализиран раскинот на договорот. Како што објавија од клубот, играчот беше ангажиран со цел да донесе екстра-квалитет на тимот предводен од тренерот Ѓорѓи Кочов, со оглед на неговата биографија и одлични игри во силната ВТБ-лига, но тоа не се случи.

Барнет во Скопје допатува максимално неподготвен, поради што не даде придонес каков што се очекуваше, ниту на тренинзите, а уште помалку на средбите на кои настапи. Поради сето ова, МЗТ Скопје Аеродром ја искористи можноста од договорот за предвремен раскин на соработката и му се заблагодари на Барнет за досегашните услуги.

МЗТ СКопје веќе бара замена на неговата позиција.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk